Динамо Волгоград, Партизан, АЕК и Зиелена Гора потпаднаа под влијанието на ФИБА, а тоа во последен момент ги натера првите лица на Еврокупот да направат значајна промена на комплетниот распоред кој веќе беше закажан со датуми и термини. Македонскиот првак во групата А е во друштво на Лиеткабелис од Литванија, Нижни Новгородо од Русија, Гран Канарија од Шпанија и Цедевита од Хрватска, а важно е да се напомене дека од сите четири групи во втората рунда ќе се пласираат најдобрите четири од впупно пет екипи во групата.
Од добиените противници, посебно внимание за македонската јавност секако ќе предизвика пресметката меѓу МЗТ Скопје и Гран Канарија, односно враќањето во Скопје на еден од хероите на историскиот успех на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб. Распоредот вели дека Гран Канарија ќе гостува во „Јане Сандански“ на 9 ноември.
Распоред на МЗТ Скопје во Еврокупот:
Прво коло 12 октомври Лиеткабелис – МЗТ Скопје Аеродром
Второ коло 19 октомври: слободен
Трето коло 26 октомври: МЗТ Скопје Аеродром – Цедевита
Четврто коло 2 ноември: Нижни Новгород – МЗТ Скопје Аеродром
Петто коло 9 ноември: МЗТ Скопје Аеродром – Гран Канарија
Шесто коло 16 ноември: МЗТ Скопје Аеродром – Лиеткабелис
Седмо коло 23 ноември: МЗТ Скопје Аеродром е слободен
Осмо коло 30 ноември: Цедевита – МЗТ Скопје Аеродром
Деветто коло 7 декември: МЗТ Скопје Аеродром – Нижни Новгород
Десетто коло 14 декември: Гран Канарија – МЗТ Скопје Аеродром
За поврзани вести продолжете надолу