Жозе Мурињо сигурно е многу позадоволен од Јирген Клоп по ремито на дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, а тоа го докажа и со својата прва изјава по мечот на „Енфилд“.
– Тоа беше натпреварот кој го планиравме. Не сакавме да го контролираме натпреварот преку посед на топката, се адаптиравме на ситуацијата. Знаевме дека ќе им биде тешко да постигнат гол, но се надевавме дека ние ќе го направиме тоа на спротивната страна и ќе победиме. Сепак тие се добар тим, можеби не се светско чудо, но се добар тим, – изјавил Мурињо по ремито без голови.
За поврзани вести продолжете надолу