Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“, Челси го потопи Манчестер Јунајтед (Видео)

Челси го победи Манчестер Јунајтед со 4:0 и му приреди кошмарно враќање на Жозе Мурињо на „Стемфорд Бриџ“ каде Португалецот работеше во два наврати.

Дека враќањето во Лондон нема да го памети по добро, најави Педро уште во 1. минута кога донесе водство за домаќините, а Челси во продолжение зголеми преку Кејхил за 2:0 на полувреме.

Јунајтед не успеа да ја врати резултатската неизвесност и во второто полувреме, а во 62 и 70. минута Азар и Канте постигнаа по еден гол за конечни 4:0 и голема победа на составот на Антонио Конте.

Челси сега има 19 бодови или само бод помалку од лидерите Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул, додека Јунајтед остана на 14 бодови на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e