Со синоќешниот пораз против Португалија, нашите фудбалери го завршија циклусот на натпревари од ЕП во Полска до 21 година. Ова беше прва македонска фудбалска репрезентација која избори учество и насатпуваше на едно Европско првенство. Епилогот на репрезебтативците беше едно реми (2:2 со Србија) и два пораза (0:5 Шпанија и 2:4 Португалија).
– Голема благодарност за секој од фудбалерите. Тие покажаа како треба да се игра за својата земја. Македонија на ова Европско првенство дојде со намера да се надигрува со секој противник без разлика на името. И на последниот дуел бевме конкурентни. Брзо го загубивме Радески и моравме да менуваме. Односот на моите фудбалери е тоа што најмногу ми се допаѓа. Честитки за Португалија за победата, изјави Милевски.
Македонија шампионатот ќе го заврши пласирана од 10 – 12 место.