Во одличен натпревар на Сан Сиро, Наполи го победи Милан со 2:1. Гостинскиот тим на почетокот стигна до водство од 2:0, но на крајот за малку ќе ја изгубеше победата.
Наполи го одиграа десетиот последователен натпревар во првенството без пораз. Во десет средби запишаа седум победи и се вратија во лов за титулата.
Уште на самиот почеток од натпреварот се навестуваше катастрофа за Милан. Наполи поведе во шестата минута по една убава акција во три потези. Три минути подоцна веќе беше 2:0.
По половина час, конечно се разбуди Милан. Па така на 2:1 намали Јурај Кучка во 37 минута по грешка на одбраната на гостинскиот тим.
Наполи до крајот на средбата се фокусираше на контра напади, но не успеа да постигне трет гол. И покрај подобрата игра до крајот на натпреварот, сепак Милан неуспеа да постигне израмнувачки гол. Гостите на крајот од Сан Сиро заминаа со полн плен.