Михајловиќ повторно во болница за трет циклус хемотерапија

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е повторно во болница.

Српскиот тренер се врати во клиниката „Сант Орсола“ за да добие трет циклус хемотерапија, откако се бори со леукемија неколку месеци наназад.

Според весникот „Газета дело Спорт“, Михајловиќ бил пренесен на клиника со приватно возило каде ќе продолжи со лекувањето.

Тој го предводеше тимот на Болоња минатиот викенд вомечот против шампионот Јувентус, во кој клубот од Торино победи со 2-1.

„Горд сум на вас за начинот на кој игравте против Јувентус“, им рече Михајловиќ на своите фудбалери по натпреварот.

Болоња во моментов е рангирана на 13. место во Серија „А“, а Јувентус е на чело со 22 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e