Металург се засили со Велко Маркоски

Екипата на Металург се засили со македонскиот репрезентативец Велко Маркоски пред двомечот од третото коло на Купот на ЕХФ против словенечкиот Горење.

Триесет и тригодишниот годишниот стружанец кариерата ја започна во Вардар, а од 2010 до 2015 година ги бранеше боите на Металург. Потоа мал период настапуваше за Зомимак и Работнички, а својата прва интернационална кариера ја започна во ППД Загреб, од каде замина за Романија.

Металург двомечот со Горење го започнува на 16 ноември со дуел во Словенија, додека реваншот во Скопје во салата „Јане Сандански“ е закажан за 24 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e