Металург падна и во Франција: Едно добро полувреме не е доволно против Монпелје!

Ракометарите на Металург доживеаа пораз и во третиот гостински натпревар во Лигата на шампионите, овој пат во Франција кај Монпелје со 28-18.

Пулените на Лино Червар добро се носеа со големиот фаворит во првите 30 минути кои ги завршија со само еден гол негатива (13-12), меѓутоа во вториот дел сликата на теренот беше поинаква, домаќините доминираа, го полнеа голот на нашиот претставник и дојдоа до триумф од десет гола разлика.

Брајовиќ со шест и Талески со 4 беа најефикасни кај „металурзите“, додека за Монпелје по пет гола дадоа Кавтичник и Гребил.

Во следната рунда исто се среќаваат овие две екипи со таа разлика што домаќин ќе биде Металург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e