Мертенс го надмина Марадона, следи Хамшик

Напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс е веќе вториот најпрецизен играч во клупската историја.

Вчера, Белгиецот постигна два гола во успехот на „небесносините“ над Ред Бул Салцбург со 3:2 на гостувањето во Лигата на шампионите и го надмина легендарниот Диего Марадона. Мертенс има 116 гола – еден повеќе од Аргентинецот. 32-годишниот фудбалер е на само пет гола оддалечен од врвното постигнување на Марек Хамшик и веројатно ќе се најде на врвот оваа сезона.

Во меѓувреме, друг играч од истиот натпревар исто така може да се пофали со рекорд. 19-годишниот Ерлинг Холанд ги постигна двата гола за Салцбург во поразот од Наполи. На овој начин, норвешкиот талент стана првиот фудбалер во историјата на ЛШ, кој на своите 3 натпревари во турнирот постигна 6 гола. Тој во моментов води на листата на топ-стрелци на турнирот, со гол повеќе од Роберт Левандовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e