Францускиот фудбалски репрезентативец од редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе е прогласен за најдобар играч во светот според изборот „Глоуб сокер авордс““. Признанието на Мбапе му беше доделено на свеченоста одржана во Дубаи. Полјакот Роберт Левандовски, од редовите на бундеслигашот Баерн Минхен кој лани го понесе признанието најдобар фудбалер во овој избор, годинава ја доби наградата за најдобар стрелец.
Португалецот Кристијано Роналдо кој сезонава ја почна како повратник во дресто на англискиот Манчестер јунајтед доби специјална награда за најдобар стрелец во историјата, а слекторот на италијанската репрезентација која го освои Европското првенство, Роберто Манчини е прогласен за најдобар тренер. Селекцијата на „аѕурите“ е најдобриот тим на годината.
Алексија Путелјас од Барселона по „Златната топка“, ја доби и наградата за најдобра фудбалерка на светот.