Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип потпиша нов договор со клубот со важност до 30 јуни во 2024 година.
Камерунскиот интернационец, кој има 28 години, сезонава даде два гола за актуелниот европски првак. Во Ливерпул дојде од Шалке во 2016 година. Одигра 107 меча за англискиот тим и во тандем со Ван Дајк го сочинуваат еден од најдобрите одбранбени тандеми во Премиерлигата.
„Кога гледате однадвор, знаете дека Ливерпул е голем клуб. Но, кога сте внатре во клубот, навистина ја сфаќате големината. Клубот има навивачи низ целиот свет. Секој фудбалер би сакал да игра за ваков клуб“, изјави Матип, кој закрепна од повредата и в недела би требало да биде во почетниот состав на гостувањето кај ривалот Манчестер јунајтед.