Матиќ му укажа голема чест на Жозе Мурињо

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ помогна финансиски да се изгради стадион во неговиот роден град Уб и го именуваше по Жозе Мурињо.

Според извештаите на српските медиуми, стадион во градот со шест илјади жители има капацитет од 500 луѓе и се наоѓа на метри од домот на Матиќ. Играчот од средниот ред одлучи да го именува објектот по името на Мурињо заради големата почит што ја има кон Португалецот, кој беше негов ментор во Челзи и Манчестер Јунајтед.

Од почетокот на сезоната, 31-годишниот Матиќ има само 5 натпревари за Манчестер Јунајтед и најверојатно ќе го напушти клубот во текот на летото кога му истекува договорот со „црвените ѓаволи“.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e