Мата не ја потценува Македонија: Ќе биде доста комплицирано, тие се компактен тим…

Членот на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, Хуан Мата откри како неговата репрезентација се подготвува за саботната пресметка (20:45) со Македонија во Гранада која се игра на стадионот „Лос Карменес“.

Иако „црвената фурија“ е огромен фаворит, тие детално ја анализираат нашата игра и не препуштаа ништо на случајноста во обидот да дојде до трите планирани бода.

-Тие се компетитивен, компактен тим и не смееме да ги повториме грешките од дуелот со Италија. Ова не е натпревар стапица затоа што сме свесни дека може да биде комплицирано. Ние доста ги анализираме, тие се опасни во контра напади, а и го имаат и Горан Пандев, -рече Мата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e