Марej со закана до Ѓоковиќ: Имам само една цел до крајот на оваа година

Неуморниот шкотски ас, втор светски рекет и кум на Новак Ѓоковиќ, Енди Мари ја откри својата главна цел до крајот на оваа година.

Двократниот олимписки шампион до крајот на оваа натпреварувачка сезона ќе се обиде да го симне од врвот Новак Ѓоковиќ кој пак пред неколку дена ги изненади тениските ф20анови со изјавата дека првата позиција на АТП листата повеќе не е е негов приоритет.

-Ќе пробам да дојдам до првото место, тоа е една од моите цели. Многу сум мотивиран, оваа сезона е до сега најдобра во мојата кариера и ќе се обидам за ја завршам на најдобар можен начин и прв пат да се најдем на првото место, -посочи Мари.

Британецот веќе неделава ќе може да му се приближи на Ѓоковиќ, бидејќи ќе игра на турнирот од серијата 500 во Пекинг. Ноле ќе загуби 500 поени зошто минатата година го освои турнирот, а пак сега нема да биде дел од истиот поради повреда. Од друга страна пак Енди лани не учествуваше и со добар настап може дополнително да го зголеми своето конто со поени на АТП листата.

За поврзани вести продожете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e