Марej не издржа во маратонското четвртфинале, отворен пат за Ѓоковиќ до нова титула на Ју-Ес Опен

Енди Марej важеше за главен претендент за детронизирање на Новак Ѓоковиќ на тенискиот турнир во Њујорк, но ова утро светскиот рекет број два доживеа голем шок откако во маратонски меч кој се играше во пет сета и траше четири часа претрпе пораз од Кеи Нишикори.

Британскиот тенисер доби седум од последните осум дуели со најдобриот јапонски играч, но овојпат едноставно наиде на исклучително силен отпор на кој особено потклекна во четвртиот и петтиот сет.

Марej имаше предност од 2:1 во сетови откако ги доби првиот и третиот со 6:1 и 6:4 (вториот му припадна на Кеи со 6:4), но во одлучувачките моменти едноставно не пронајде правилни решенија за да го доработи мечот како што треба.

Нишикори комплетно доминираше во четвртиот сет и со убедливи 6:1 израмни на 2:2, а потоа со раниот брејк во решавачкиот сет имаше константна предност до осмиот гејм. Марej успеа да се врати за момент и израмни на 4-4, меѓутоа во 11-от гејм одново го загуби својот сервис што на крајот се покажа како пресудно да го загуби последниот сет со 7:5.

Во полуфиналето Нишикори сега ќе игра си Вабринка, додека во другото полуфинале се состануваат Ѓоковиќ и Монфис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e