Мареј – Димитров во финалето на АТП турнирот во Пекинг

Британецот Енди Мареј и бугарскиот тенисер Григор Димитров ќе играат во финалето на АТП турнирот од Серијата 5000 во главниот кинески град Пекинг.

Мареј во првото денешно полуфинале беше поуспешен од Шпанецот Давид Ферер со 2-0, по сетови 6:2 и 6:3. По денешната победа билансот меѓу двајцата тенисери е 14-6 за Британецот.

Второто полуфинале кое беше закажано за 15 часот не се одигра, бидејќи Канѓанецот Милош Раониќ поради повреда го предаде мечот на Димитров.

Финалниот дуел е закажан за денеска од 13 часот и 30 минути.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e