Мане: Што ќе ми десет Ферари, дијамантски часовници и авиони, сакам да помогнам на мојот народ

Садио Мане е од оние фудбалери кој избегнува медиумско експонирање. Фокусиран е на својата работа на терен што ја врши одлично и не се крева многу врева околу себе, како што е случај со неговите колеги во нападот на Ливерпул, Мохамед Салах и Роберто Фирмино. Сенегалецот е исклучително смирен човек и вели дека материјалното не му е најважно во животот.

„Зошто би сакал десет Ферари, 20 дијамантски часовници или два авиона? – Што би направиле овие нешта за мене или за светот? – Бев гладен и работев во поле. Минав низ тешки моменти во минатото, играв бос фудбал. Немав образование и многу други работи“, вели Мане.

Тој вели дека не сака да се луксузира со она што го заработил, туку сака неговиот народ да почуствува малку од она што го почувствувал во животот.

„Изградив училишта, стадион. Обезбедуваме облека, чевли и храна за луѓето кои се наоѓаат во екстремна сиромаштија. Покрај тоа, им давам 70 евра месечно на сите луѓе во многу сиромашен регион на Сенегал. Ова им помага во нивната семејна економија. Не ми треба да парадирам со луксузни автомобили, луксузни имоти, одмори, па дури и со авиони. Повеќе сакам мојот народ да добие малку од она, што ми го дал мене животот, заклучи Сенегалецот.

Мане и Ливерпул го продолжуваат својот беспрекорен учинок во Премиер лигата, забележувајќи 8 победи од 8 одиграни натпревари. А, пред нив е дерби со Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e