Манџукиќ пристигна во Катар (ВИДЕО)

Поранешниот хрватски репрезентативец Марио Манџукиќ ќе ја продолжи фудбалската кариера во катарскиот клуб Ал Духаил. 33-годишниот напаѓач веќе пристигна во Доха и денеска ќе биде подложен на медицински тестови, по што се очекува тој официјално да потпише со својот нов тим.

Тој го напушти Јувентус по четири и пол сезони, запиша 44 голови и 18 асистенции на 162 настапи и му помогна на гигантот од Торино четири пати да ја освои титулата во Италија.

Манџукиќ го загуби местото во составот под новиот тренер на „црно-белите“ Маурисио Сари и нема ниту една минута игра за време на тековната кампања.

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Меди Бенатија, игра за Ал Духаил од крајот на јануари.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e