Рајн-Некар Левен доминираше на дуелот против европскиот шампион Виве Киелце и дојде до третата победа во групата со резултат 34:26.
Дејан Манасков доби вистинска шанса и одлично ја искористи постигнувајќи 4 гола од 6 обиди и на тој начин му помогна на германскиот првак да стигне до многу важна победа.
Победникот беше решен во вториот дел, откако на полувреме гостите водеа со минимални 16:15, но во продолжение направија недостижна позитива која ја претворија во рутински триумф.
Баена Гонзалес со 7, Шмид со 6 и Ларсен со 5 гола беа најефикасни во редовите на Рајн-Некар, додека кај полски Киелце најрасположен беше Биелецки кој реализираше 8 гола.
По овој пораз на Киелце и вчерашниот на Вардар, единствена екипа со максимален учинок е Барселона која се натпреварува во другата група.
