Малдини го „матираше“ Роналдо без да го спомене

Паоло Малдини е големо име во светот на фудбалот, играч кој има освоено се во својата кариера, па кога тој ќе се огласи на одредена тема неговото мислење има посебна тежина.

Како и секога година супер актуелно е прашањето околу „Златната топка“ , признание за најдобриот фудбалер на годината. Изминатава деценија главната битка и трка ја водат двајца асови Лионел Меси и Кристијано Роналдо со тоа што многумина сметаат дека годинава таа награда треба да му припадне на фудбалерот на „кралевите“ затоа што ја освои Лигата на шампионите, но и Европското првенство со Португалија.

Легендарниот Малдини пак има друг став и за него нема никакви дилеми околу оваа секогаш жешка  и актуелна тема.

-Златната топка треба да му биде доделена на најдобриот играч, а не на оној што земал најмногу трофеи без притоа во тие успеси да не бил јунак. Меси ја заслужува оваа награда, -порачал Малдини кој на овој начин порачал што мисли за оние кои практично бараат оваа најголема награда да се додели без гласање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e