Македонските фудбалери пристигнаа во Полска: Во Варшава пречекани како ѕвезди

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Полска каде в недела ќе игра против домашната селекција во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. 

„Црвено-жолтите“ на аеродромот во Варшава беа пречекани како ѕвезди. Локалните фанови се фотографираа и добија автограми од дел од избраниците на Игор Ангеловски кои се добро познати во тамошната јавност.

По синоќешниот триумф против Словенија, македонските фудбалери ќе се обидат да ја изненат Полска во Варшава и со евентуални нови три бода ќе бидат уште поблиску до завршниот турнир догодина што ќе се игра во 12 различни земји. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e