Македонија убедливо ја реши првата контрола со Србија

Македонската ракометна репрезентација оствари позитивен резултат на првата контрола со Србија како загревање за предизвикот кој претстои, а тоа е настапот на Светското првенство во Данска и Германија.

Нашиот националец тим славеше на дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ со 37-31, во меч во кој имаше контрола на резултатот од почетокот до крајот. Селекторот Раул Гонзалес испроба некои тактички варијанти и сега сигурно има појасна слика за тоа што може овој состав.

Ние го добивме првиот дел со 19-13 за да во продолжението дополнително го надиграме нашиот северен сосед. Дејан Манасков со девет голови беше најефикасен, а одличен беше и бекот Кузмановски кој даде шест погодоци.

Дерби

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e