Македонија сигурна против Украина за победнички старт во квалификациите за ЕП 2018

Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Украина со 27:21 и успешно го започна настапот во квалификациската група за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2018 година во Хрватска.

Нашите најдобри ракометари имаа негатива само во почетните минути во кои Украинците парираа најсериозно, за до крајот на полувремето да стигнеме до предност од 13:10. Слична предност одржувавме постојано, гостите најмногу се приближија до два гола негатива, за во финишот разликата да биде зголемена за помирна завршница и ставање печат на првата победа во овој квалификациски циклус (27:21).

Предводник на нашата селекција повторно беше Кире Лазаров кој постигна 12 гола и беше најдобар поединец на теренот, а на списокот реализатори следуваа Манасков со 6 и Талески со 3 гола.

На спротивната страна, Козакевич и Жуков постигнаа по 4 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e