Вечерва се играат останатите натпревари од второто коло во групната фаза во Лигата на шампионите.
Во група А, Арсенал го пречекува Базел а ПСЖ патува за Бугарија на гости кај Лудогорец.
Во групата Б, Наполи ќе игра против Бенфика а турски Бешикташ дома за противник ќе го има Динамо од Киев.
Фаворитите во групата Ц, Барселона и Манчестер Сити ќе играат на гости кај Мехенгладбах, односно Селтик.
И во група Д, Баерн му гостува на Атлетико Мадрид, а холандски ПСВ патува за Ростов.
Од вчерашните дуели, Јувентус и ФЦ Копенгаген беа супериорни над Динамо Згреб и Клуб Бриж, Реал Мадрид извади реми во Германија кај Дортмунд, Тотенхем славеше над ЦСКА Москва со минимални 0:1, Порто и Лион од гостувањата кај Леичестер и Севиља се вратија без бодови, Монако и Леверкузен ремизираа и Спортинг ја победи Легија.
За поврзани вести продолжете надолу