Лига Европа: Резултати од вчерашните натпревари

Со натпреварите од 19 и 21:05 часот, вчера се одигра второто коло по групите во Лига Европа.

Ајакс, Атлетико Билбао, Фенербахче и Манчестер јунајтед со минимални 1:0 славеа на домашен терен, додека Рома, Фиорентина и Зенит беа многу поубедливи во своите победи. Предноста на домашен терен го искористија и Гент, Генк, Краснодар, Шалке и Шахтјор. Интер загуби на гостувањето кај Спарта Прага, додека Андерлехт и Вилареал извлекоа реми на гости во Франција, односно Романија. Олимпиакос дома загуби од Апоел, како и Либерец од Паок. Маинц од гостувањето во Азербеџан се врати со полн плен а без голови завршија натпреварите помеѓу Астана-Јанг Боис, Х.Бир Шева- Саутемптон и Австрија Виена-Плзен.

За поврзани вести продолжете надолу

 

 

 

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e