Лејкерси без одговор за одличниот Антетокунмпо(ВИДЕО)

Вчера беа одиграни четири натпревари во НБА лигата, а дербито го играа Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерси.

Ниту одличната вечер на Дејвис и Џејмс кои заедно уфрлија 57 поени не им помогна на гостите. Милвоки оствари победа од 111:104, а ги предводеше Антетокумпо кој постигна 36 поени и имаше 10 скока и пет асистенции.  Клучна во мечот беше втората четвртина во која Бакс со серија од 20-6 на полувреме замина со огромни плус дваесет и еден 51-30.

Хјустон на гости кај Клиперси запиша победа. Домаќините беа во улога фаворит меѓутоа гостите ја однесоа победата со 122:117. Рекорд на сезоната имаше Вестбрук кој уфрли 40 поени и додаде уште 10 скока и пет асистенции, Харден застана на 28 поени , еден скок и десет асистенции. Кај Клиперси Пол Џорџ беше најдобар со 34 поени, девет скока и три асистенции, додека минатогодишниот МВП на плејофот Каваи Ленард застана на 25 поени.

Освен овој натпревар играа Атланта Хокс против Јута и Сан Антонио Спарс против Бруклин.

Јута оствари победа на гостувањето кај Атланта. Првото полувреме подобри беа домаќините кои имаа предност од 56:52.

Во вториот дел гостите заиграа многу подобро и на крајот успеаа да го свртат резултатот и да остварат победа од 111:106.

Сан Антонио на свој терен оствари сигурна победа против Бруклин. Иако гостите имаа водство после првото полувреме, домаќините на крајот запишаа победа од 118:10

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e