Леброн Џејмс ја постигна својата прва победа во дресот на Лос Анџелес Лејкерс при успехот над Сакраменто со 128:123 во предсезонски натпревар во НБА.
Џејмс забележа 15 минути на теренот во првото полувреме, во кое постигна 18 поени, 4 асистенции и 3 скока.
Лонзо Бол и Ражон Рондо не играа за домаќините, а Мајкл Бизли го напушти теренот во втората четвртина со повреда во пределот на ребрата.
Најдобар за Лејкерси беше Брендан Инграм со 31 поен. Тој додаде и 9 скокови.
Марвин Бегли со 19 поени и 10 скока беше најефикасен за Сакраменто