Кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс во понеделникот на Твитер објави дека со семејството биле евакуирани од домот поради пожарите кои беснеат во Калифорнија.
Како што пренесува ESPN, пожарите се прошириле во населбата Брентвуд, каде Џејсм купи куќа кога потпиша за Лејкерс во 2018 година.
Тој напишал дека со семејството нашле сместување и дека пожарите кои беснеат во Калифорнија „не се шега“.