Барселона немаше проблеми со швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен, победувајќи го со убедливи 38:25, а Кире Лазаров беше најефикасен на новиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампиони.
Ракометарите на Барселона уште на полувреме го решија победникот откако водеа со 21:12, а во вторите триесет минути само рутински ја завршија својата работа.
Лазаров со 7 гола бил најефикасен кај Каталонците, a по него следувал Сипжак со 5 гола, додека на спротивната страна ист учинок имал Марос.
Гонзало Перес де Варгас овојпат доби предност пред нашиот Борко Ристовски на голот на фаворитот кој сега има четири победи и максимален учинок во својата група.
За поврзани вести продолжете надолу