Тренерот на Челзи, Франк Лампард, беше многу задоволен од победата од 1:0 над Ајакс во Лигата на шампионите.
Со успехот, лондонскиот тим собра 6 поени и се израмнија со холандскиот колос на врвот на групата „Х“ на турнирот.
– Задоволен сум од секој елемент во нашата презентација. Тоа е голем успех. Имаме шест бода во групата и имаме натпревар со Барнли во сабота. Имаме за што да бидеме возбудени. Веќе имаме план да го следиме. Немаме повеќе изговори. Ова е стандардот и не треба да се релаксираме. Младите играчи се како бебиња во Лигата на шампионите и тоа беше огромен тест за нив. Имавме добар баланс на младоста и искуство во составот. Мора да сфатиме што не изведе до победа на овој натпревар затоа што надигравме одличен тим како Ајакс, рече Лампард.