Квалификации за ЕП 2020: Над 1.000 Словенци во четврток во Скопје

Повеќе од 1.000 навивачи на фудбалската репрезентација на Словенија ќе допатуваат во четврток во Скопје за натпреварот со македонската селекција, најавуваат медиумите во оваа земја. Со ваква поддршка, Словенците покажуваат дека дуелот со избраниците на Игор Ангеловски им е многу важен.

Селекторот Матјаж Кек рече дека во Скопје ќе отпатуваат по трите бода за одмазда за ремито во Љубљана што го сметаат за неуспех. По гостувањето на „Тоше Проески“ арена, Словенците ќе играат дома против Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e