Нa Светското првенство во Санта Сузана – Шпанија од 03 до 08 ноември Мери Акиевска од Магнус центарот за фитнес и боречки спортови освои Светски Јуниорски Велнес Шампион и е апсолутен Шампион во јуниори! И светски сениорски велнес Шампион и апсолутен Шампион во сениори. Се што можеше да се освои освои.
Претседателот на Боди Билдинг Фитнес Федерацијата на Македонија, Бобан Ѓороски изјави дека ова е 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори.
Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус Фитнес клубот од Скопје, предводени од Претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер.
На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи.
Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 цм висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории.
Инаку малкумина знаат дека Мери Акиевска потекнува од Крива Паланка.