Поранешниот член на Хомбург, Кајзерслаутерн, Вердер Бремен, Баерн Минхен и Лацио, Мирослав Клосе и официјално стави крај на активното играње на фудбал.
Тој по крајот на минатата година остана без ангажман, откако му заврши договорот со римски Лацио за да во меѓувреме се поврзува со неколу состави од кои последниот беше Наполи по повредата на Аркадиуш Милик. На крајот најдобриот стрелец на Светските првенства реши да ги закачи копачките на клин и да и се посвети на тренерската работа.
Тој ќе биде дел од германскиот национален тим и ќе работи со селекторот на сениорите Јоаким Лев и спортскиот директор Ханси Флик.
-Најголемите успеси како играч ги доживеа во националниот тим. Тоа беа прекрасни времиња и никогаш нема да ги заборавам. Среќен сум што се враќа во ДФБ, -истакнал Клосе.
Миро е прв стрелец во историјата на Германија со 71 погодок на 137 натпревари.