Костадиновски и Станковска најдобри на Државното првенство за средни училишта во пинг-понг

На 11 ноември 2016 година во Кавадарци се одржа Државното првенство за средни училишта во пинг-понг, во организација на Сојузот на училишен спорт на Кавадарци и Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

На првенството учествуваа вкупно 38 ученици и тоа: 24 машки и 14 женски од следните градови во Република Македонија: Крива Паланка, Скопје, Ресен, Прилеп, Крушево, Куманово, Струмица, Гевгелија, Радовиш, Виница, Битола, Штип и Кавадарци.

15068952_575473899317334_531701960858727414_o

На првенството се играше во репасаж систем во два добиени сета. Машки во 4 групи од 6 учесници. Женски 2 групи по 4 учесници и 2 групи од 3 учесници. Финалната група по двајца прво пласирани од сите групи вкупно 8 машки и 8 женски повторно со елиминации до крај во машка и женска категорија.

На првенството беа постигнати следните резултати:

Најуспешни 8 – ученици/машки/ 1. Филип Костадиновски – Крива Паланка – СОУ. „Ѓорче Петров“ 2. Александар Рикакоски – Прилип, СОУ „Мирче Ацев“ 3. Методиј Бужаровски – Скопје, СУГС „Никола Карев“ 4. Дамјан Стојчев – Свети Николе, СОУ „Кочо Рацин “ 5. Андреј Иванов – Виница, СОУ „Ванчо Прке“ 6. Венко Стојанов – Радовиш, СОУ „Коста Сусинов“ 7. Димитар Караманов – Струмица, СОУ „Никола Карев“ 8. Бојан Илиески – Прилеп, СОУ „Мирче Ацев“

15086978_575474445983946_1710856177_n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Најуспешни 8 – ученици/женски/ 1. Анета Станковска – Крива Паланка, – СОУ „Ѓорче Петров“ 2. Ива Димитриевска – Куманово, – СОУ„Гоце Делчев“ 3. Ангела Стаменковска – Крива Паланка, – СОУ„Ѓорче Петров“ 4. Марија Јованова – Кавадарци, СОУ„Добри Даскалов“ 5. Ана Марија Димитрова – Скопје, – СУГС „Панче Арсовски“ 6. Ива Евтимска – Виница, СОУ „Ванчо Прке“ 7. Добринка Сотирова – Кавадарци, СОУ„Добри Даскалов“ 8. Јелена Јокиќ – Скопје, – СУГС „Васил Антевски – Дрен“.

15050433_575474429317281_809875372_n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Учениците кои освоија прво и второ место се здобија со право на учество на спортскиот камп.

15086263_575474435983947_37930026_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e