Меѓународната фудблска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против Хрватска и Косово поради скандирањата „Убиј Србина“ на квалификацискиот меч за СП 2018.
Репрезентацијата на Косово својот прв домашен квалификациски натпревар во историјата го одигра во Албанија против селекцијата на Хрватска.
Заедничко за Косово и Хрватска е нетрпеливоста која ја имаат кон нивниот сосед Србија, па навивачите на двете репрезентации здружено скандираа „Убиј Србина“.
Скандирања имаше и пред натпреварот а и за време на самиот меч.
ФИФА не толерира национализам на стадионите, па се очекуваше дека ќе реагира на случувањата во Албанија. Денеска Светската куќа на фудбалот и официјално објави дека е покрената постапка против Косово и Хрватска. Сеуште не е објавено кога ќе биде донесена одлуката.
Хрватска има големи проблеми со своите навивачи, веќе пет квалификациски натпревари игра без публика поради казни од ФИФА и УЕФА за недолично однесување на фановите.
За поврзани вести продолжете надолу