По потегот на навивачите на Интер на натпреварот со Каљари (1: 2) со поставување на навредлив транспарент и исвиркување на аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди преку социјалните мрежи се извини за напишано во неговата автобиографија.
Тој таму не бираше одбрани зборови за навивачите, кои побараа од клубот да му се одземе капитенската лента на аргентинецот. Заменик претседателот на Интер, Хавиер Занети, изјави дека клубот од Милан размислува за тоа, а за утре е закажана конечна одлука за таа фамозна лента.
Но, очигледно тоа не беше доволно за фановите на Интер. Миланската локална ТВ станица, објави дека вечерва 40-тина навивачи се собрале пред неговата куќа, и посегнале по неговиот автомобил кога се враќал од фудбалскиот натпревар во кој промаши пенал.
Сепак, пожестока борба немало затоа што напаѓачите се повлекле веднаш штом ќе се појавиле вооружени телохранители на Икарди.