Колантуоно: Несторовски може да биде изненадувањето во Серија А оваа сезона

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски, демонстрира квалитетни партии на почетокот од сезоната во дресот на Палермо, што наиде на позитивни критики од стручната фудбалска јавност на Апенините.

Поранешниот тренер на Палермо, Стефано Колантуоно, смета дека токму Несторовски би можел да биде пријатното играчко изненадување во Серија А оваа година…

„Сметам дека Илија Несторовски би можел да биде изненадувањето во Серија А оваа година. Станува збор за одличен напаѓач и полека се претставува во вистинско светло. Покажа одлични гол перформанси, а тоа е она што му треба на Палермо. Друго име кое ќе изненади, според мене, би можел да биде Жоао Марио“ – вели Колантуоно.

Несторовски досега има два гола за Палермо, и двата клучни во трката за бодови на својот тим, а на последниот дуел одигра 30 минути против шампионот Јувентус.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e