Кој ќе седне на „жешкото столче“ во Баерн Минхен?

Најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен објави дека го отпуштиле хрватскиот стратег Нико Ковач. Поранешниот хрватски селектор не преживеа по саботниот дебакл во 10. коло од Бундеслигата против Ајнтрахт Франкфурт (5: 1).

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, потоа Жозе Мурињо, Масимилиано Алегри и Маурисио Почетино се само дел од споменуваните имиња како можни наследници на „Алијанц арената“.

После шокантната, но сепак очекувана смена, се огласи и самиот Ковач.

„Сметам дека ова е вистинска одлука на клубот во овој момент. Резултатите, како и начинот на кој игравме во последно време, ми укажаа дека ова е единствената опција“, рече хрватскиот стратег, додавајќи: „Мојот брат Роберт и јас се заблагодаруваме на Баерн за последната година и пол, помината во клубот. За тоа време, ги освоивме шампионатот, Купот и Суперкупот. Тоа беше одличен период. Му посакувам на клубот и на тимот се најдобро“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e