Кире Лазаров позитивен на коронавирус

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е позитивен на коронавирус.

Нант прво ја соопшти веста дека има двајца нови ракометари кои се позитивни на глобалниот вирус, а потоа „20minutes.fr,“ обелодени дека станува збор за Лазаров и за шпанскиот пивот Адрија Фигуерас.

Според првичните информации, македонскиот „бомбардер“ се чувствува добро и нема симптоми од болеста. Останува Лазаров сега да ја добие што поскоро и борбата со коронавирусот, се со цел македонскиот ас што побрзо да се врати на терените.

Поради позитивните случаи на ковид-19, ЕХФ го одложи натпреварот меѓу Нант и Целје, новиот датум дополнително ќе биде одреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e