Кенијката Бригид Косгеј постави светски рекорд за жени за време на маратонот во Чикаго.
25-годишната атлетичарка го комплетираше 42-километарското растојание, на една од најголемите трки во светот, за 2 часа, 14 минути и 4 секунди, со што го подобри светскиот рекорд на Британката Паула Редклиф од 2003 година за 1 минута и 24 секунди.
Претходно оваа година, Косгеј го освои и Лондонскиот маратон, станувајќи најмладиот победник во британската престолнина.
Кенијката ја дуплираше својата победа минатата година, откако беше недостижна на улиците на Чикаго и ја совлада за 6 минути и 47 секунди етиопската натпреварувачка Абабел Јешанех, кој заврши на второто место.
На третото заврши Гелети Бурка (Етиопија) со 6:51 минути зад Косгеј.
За мажите, победата исто така отиде во Кенија. Лоренс Чероно со последниот спринт ги надмина Етиопјаните Дежене Дебела и Асефа Менгсту.
Времето на Чероно беше 2 часа, 5 минути и 45 секунди, 1 секунда пред Дебела и 3 секунди пред Менгсту. Британецот Мо Фарах, кој победи на маратонот во Чикаго во 2018 година, беше само осми, откако ја надмина трасата за 2 часа, 9 минути и 58 секунди.