Некогашниот најдобар светски тенисер, Русинот Марат Сафин, играл пијан во финалето на Австралија опен во 2002 година, тврди Австриецот Даниел Келерер.
Во тогашното финале во Мелбурн, Сафин загуби од Томас Јохансон со 1:3 во сетови. Келерер во мај во 2011 година доби доживотна забрана за играње, поради обид за местење на мечеви, а сега го обвини Русинот дека настапил во алкохолизирана состојба во меч за гренд слем титула.
„Пиев алкохол во текот на кариерата, но првпат кога наполнив 24 години. Почнав да пијам откако го видов Сафин како пие пред финалето на Австралија опен во 2002 година. Не верував дека тој може да го игра финалето. Се разбира дека во таква состојба беше невозможно да го добие мечот. Неверојатно колку беше пијан“, истакна Келерер.