Кавани ќе го засилува нападот на Диего Симеоне

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани ќе игра во Атлетико Мадрид, според популарниот новинар на Скај, Џанлука ди Марцио.

Уругвајскиот стрелец преговарал за неговите лични услови и се согласи да потпише три сезони. Во текот на летото, Јужноамериканецот станува слободен агент.

Не е јасно дали мадридскиот клуб ќе се обиде да го врати Еди во јануари. Доколку сакаат ова да се случи, тие треба да се договорат со ПСЖ за трансфер сума.

Кавани реализирал вкупно 387 гола на 661 средби на клупско и репрезентативно ниво. Напаѓачот не е веќе првиот избор за Томас Тухел по пристигнувањето на Мауро Икарди.

32-годишниот Кавани доаѓа на „Ванда Метрополитано“ за да ја зголеми конкуренцијата во нападот. „Црвено-белите“ се претставуваат лошо од почетокот на сезоната, постигнувајќи 20 гола на 18 натпревари во Ла Лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e