Катар отвори стадион за СП 2022 со гледачи негативни на коронавирус

Во присуство на 20.000 гледачи со задолжителен негативен тест за коронавирус, денеска во Катар свечено беше отворен нов стадион изграден за Мундијалот во 2022 година.

Новоотвореиот стадион Ал – Рајан, лоциран 24 километри западно од престолнината Доха, има вкупен капацитет од 40.000 седишта и ќе биде домаќин на седум мундијалски натпревари до осминафиналето.

Стадионот беше отворен со финалниот натпревар во рамки на националниот куп, во кој Ал-Сад, предводен на клупата од поранешниот шпански репрезентативец и ѕвезда на Барселона, Чави Хернандез вечерва го совлада Ал – Араби со 2:1.

На стадионот можеа да влезат само гледачи, кои имаа негативен тест за коронавирус, а меѓу нив беа катарскиот лидер Тамим бен Хамид Ал-Тани и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e