Касерес е најново засилување на Фиорентина

Мартин Касерес пристигнал утрово во Фиренца на лекарски преглед после кои треба да потпише за Фиорентина.

Италијанските медиуми јавуваат дека Уругваецот пристигнува во Фиорентинa како слободен играч, а со неговиот нов клуб ќе потпише едногодишен договор.

Инаку, oвој 32-годишник има значително искуство во Серија А, со тоа што во досегашната кариера носеше дресови на Јувентус, Лацио и Верона.

Фиорентина беше доста активна ова лето на трансфер пазарот, а меѓу новите имиња на клубот се Ерик Пулгар, Кевин-Принс Боатенг, Далберт и Франк Рибери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e