Атлетико Мадрид го врати во своите редови својот поранешен играч, Јаник Караско кој пак пристигна во екипата по авантурата во Кина.
Караско од февруари во 2018 година играше за кинески Далиан за кој во 52 натпревара даде 24 гола и до крајот на сезона ќе игра како позајмен фудбалер во неговиот стар клуб.
На Атлетико му се придружи во 2015 година од Монако и за три години во екипата на Диего Симеоне одигра 124 средби во кои реализира 23 погодоци.
За Белгија досега одигра 41 меч и има постигнато шест голови.