Јувентус ќе го продава Роналдо, само кој може да го плати

Веќе трета сезона по ред, фудбалерот Кристијано Роналдо игра за Јувентус, а му недостасуваат уште осум гола за да има вкупно 100 постигнати голови во клубот од Торино. Сепак, она што тој го прави за клубот очигледно не е доволно, бидејќи управата не е задоволна од резултатите и сака да направи нови тим, без Роналдо.

Трансферот на Роналдо во Јувентус беше за да донесе триумф во Лигата на шампионите, а новата стратегија на Јувентус со која планираат да ја постигнат оваа цел се потпира на помладите играчи, пишуваат Италијанците.

Договорот на Кристијано истекува во 2022 година, по што ќе им биде достапен на другите клубови по цена од 60 милиони евра. Ова значи дека по три години откако Јувентус му плати на Реал 100 милиони за Португалецот, Јувентус е подготвен да загуби 40 милиони евра и плус огромниот надомест на Роналдо, што Јувентус го чини 54 милиони евра без даноци.

Според италијанските медиуми ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се подготвени да го платат Роналдо, а заинтересирани се клубови и од Азија и МЛС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e