Иако летниот преоден рок е завршен, а сезонат почната, италијанскиот фудбалски шампион Јувентус, продолжува да се засилува.
„Старата дама” веќе договори ново име во тимот кое треба да се приклучи во следниот преоден рок. Станува збор за 19годишниот фудбалер од средниот ред на Бока јуниорс, Родриго Бентанкур, кој важи за еден од најталентираните аргентински фудбалери. Претседателот на Бока, Даниел Ангеличи потврди дека Јувентус е пред договор со Бентанкур, кој летово беше на мета и на Милан.
„Се сретнавме со челниците на Јувентус во Женева, и може да кажам дека договорот е веќе готов. Останува се да се прецизира” – вели Ангеличи. Јувентус за младиот Аргентинец, според најавите, ќе плати 9,5 милиони евра.
За поврзани вести продолжете надолу