Јунајтед за 15 минути го реши Фенербахче, Шок за Рома на „Олимпико“

Синоќа се одигра мечевите од третото коло во Лига Европа кои донесоа многу возбудувања, а и голови со тоа што најефикасно беше во Италија, во Рим на пресметката меѓу Рома и Австрија Виена.

Домаќините имаа се во свои раце до 82 минута до која водеа со 3-1 за да само за 120 секунди гостите преку Прокоп и Којоде дадат два гола и израмнат на 3-3, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Инаку австријците дојдоа до водство преку Холхаузер во 16 минута, меѓутоа домаќините ги вратија работите под своја контрола преку Ел Шарави (2) и Флоренци се до самиот финиш во кој и самите не се свесни што им се случи.

Манчестер Јунајтед не дозволи никакво изненадување и со 4-1 го доби Фенербахче. Четата на Мурињо имаше фантастични 15 завршни минути во првиот дел во кој преку Марсијал и Погба (2) дојде до позитива од 3-0.

Лингард по паузата зголеми на 4-0, додека почесниот гол за турците беше дело на поранешниот „црвен ѓавол“ Робин Ван Перси во 83 минута.

Резултати:

Група А: Феенорд – Зорја 1-0, Манчестер ј – Фенербахче 4-1

Група Б: Олимпијакос – Астана 4-1, Јанг Бојс – АПОЕЛ 3-1

Група Ц: Мајнц – Андерлехт 1-1, Сент Етјен – Габала 1-0

Група Д: АЗ Алкмар – Макаби ТА 1-2, Дандалк – Зенит 1-2

Група Е: Рома – Австрија Виена 3-3, Плзен – Астра 1-2

Група Ф: Генк – Атлетик Билбао 2-0, Рапид Виена – Сасуоло 1-1.

Група Г: Селта – Ајакс 2-2, Стандард – Панатинаикос 2-2

Група Х: Шахтјор – Гент 5-0, Конјаспор – Брага 1-1,

Група И: Краснодар – Шалке 04 0-1, Салцбург – Ница 0-1

Група Ј: Карабах – ПАОК 2-0, Либерец – Фиорентина 1-3

Група К: Интер – Саутемптон 1-0, Хапоел Бер Шева – Спарта Прага 0-1

Група Л: Стеауа – Цирих 1-1, Османлиспор – Вилјареал 2-2

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e