Јокиќ: Ако ги победиме Македонија и Австрија веќе ќе бидеме 70 проценти на ЕП

Дефанзивниот фудбалер на словенечката репрезентација Бојан Јокиќ ја истакна важноста на претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2020. Словенците в четврток (10 октомври) ќе и гостуваат на македонската репрезентација, три дена подоцна играат со Австрија.

– Имавме добри настапи во септември и сега се чувствуваме сигурни. Пред нас се два важни натпревари. Ако победиме на двата тогаш ќе се доближиме до Европското првенство за 70 проценти. Македонија има добар тим, можеби најдобриот во последните десет години. Не е лесно да се игра со неа. Немаат освоено толку многу поени, иако играа добро. Треба сериозно да се сфати противникот и тогаш сè ќе биде добро, изјави Јокиќ.

Токму во Скопје по два дена Јокич ќе има можност да го одигра јубилејниот 100.натпревар за него во словенечкиот национален тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e