Македонија добива уште еден фудбалер во италијанската Серија А. Никола Јакимовски синоќа беше дел од прославата на тимот на Беневенто, кој за прв пат во својата 88-годишна историја обезбеди место во Серија А. Тој со македонското знаме гордо покажуваше дека Македонија добива уште еден фудбалер во италијанското калчо.
Јакимовски игра како лево крило, а сезонава одигра 10 меча во кои даде еден гол за Беневенто. Тимот кој испиша клупска историја, се избори за место во Серија А, откако во бараж двомечот против Карпи победи со 1:0. Пушкаш го даде голот вреден место во елитата, откако првата средба заврши без погодоци.
Јакимовски кој е роден во Крива Паланка, претходно во Италија има играно и за екипите на Бари, Комо и Варезе. Тој има играно за неколку младински селекции на Македонија, но нема ниту еден настап во сениорскиот тим.
Извор: sportmedia.mk